Работодавачите во следните три дена да ги ослободат од работни обврски бремените жени и лицата постари од 60 години и да го реорганизираат работното време за градежните работници и лицата кои работат на отворено, на начин што ќе се одбегнуваат активности во периодот од 11 до 16 часот.

Ова се препораки на Владата на Република Македонија што ги донесе на посебна седница, вчера, на која се дискутираше за мерките за заштита од топлотниот бран што во следните три дена ќе ја зафати земјата.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи до сабота во Mакедонија ќе има тропски горештини, со температури на места и до 40 степени Целзиусови.

OhridNews