Во пресрет на 8 Декември, патрониот празник на градот Охрид, членовите на ЛК Лихнидос го обновија осветлувањето на црквата Св. Кузман и Дамјан, лоцирана во срцето на старото градско јадро.

Завршниот зафат го планиравме кон средината на ноември, кога беше денот на Светите бесребреници. Сепак, осветлувањето мораше да почека, затоа што добри луѓе, меѓу нив и член на нашиот клуб, изведуваат градежни зафати на новата камбанарија и го поплочуваат со декоративен камен просторот околу црквата. Поминаа четири години од првото осветлување на оваа црква, но лед рефлекторите имаат рок на траење, па дојде време да се сменат. Сега се осветлени и крстот над апсидата, како и крстот на новата камбанарија.” – изјави Проф. Д-р Зоран Тунтев, организатор на акцијата.

Од сите досегашни зафати за осветлување на сакралните објекти во Охрид, оваа црква е всушност најпријатното изненадување. Додека црквата беше во тотален мрак, никој немаше претстава ниту за нејзината локација, ниту пак за убавината на источниот ѕид. Сега, кога го гледате стариот град од дистанца, Св. Врачи доминира во тој дел од стариот град, потенцираше професорот Тунтев.

OhridNews