Македонија е влезена во ера на турбуленции во медиумскиот простор на кои не им се гледа крајот, констатира организацијата „Репортери без граници“ по затворањето на А1 и А2 телевизија, како и на неколку весници.

„Се појавуваат и згаснуваат весници без никаква реална поврзаност со условите на пазарот, а новинарите сеуште работат во услови на економска несигурност и во поларизирани медиуми чие основање е нејасно“ се вели во соопштението на организацијата.

 Договорот за декриминализација на клеветата според оваа организација е „лажна реформа“.

 „Многу ќе зависи од судската пракса на законот. Но, во најмала мерка, законот ќе треба да ги намали ризиците“. Репортери без граници испраќаат повик до Советот на Европа да се изјасни по законот и да се гарантира пропорционалноста на казните со приходите на новинарите и медиумите“ се вели во извештајот на организацијата.

 Организацијата констатира дека сликата на загриженост за слободата на медиумите ја дополнува и говорот на омраза во која расте напнатоста меѓу двете најголеми етнички заедници – македонската и албанската, одземањето на дозволата на А2 телевизија и неуспешните преговори да се декриминализира клеветата.

OhridNews
Извор:Макфакс