Ракометниот клуб Охрид, има по свој еден претставник на списокот во македонските репрезентации за ракометари родени 2004 и помали и 2002 и помали.

На списокот од најмладата репрезентација (2004) која за прв пат ќе има тест натпревари се најде Никола Ристески. Еден селектор од тандемот на клупата е тренерот на Охрид, Раде Стојановиќ. Денешениот натпревар на Македонија против селекцијата на Романија ќе може да се гледа на следниов линк.

Место во селекцијата ракометари родени 2002 година обезбеди десниот бек на Охрид, Михаил Иваноски. Бекот рамо до рамо тренира и игра со првата екипа и повикот е очекуван и заслужен. Македонската селекција ќе биде дел од Меѓународен медитерански шампионат во Атина, Грција во период од 16-22.02.2020 година.

Михаил Иваноски со топка на дуелот со косовскиот тим Беса Фамгас.

На меѓународниот медитерански шампионат ќе настапат 14 репрезентации (Бахреин, Хрватска, Египет, Хрватска, Италија, Кувајт, Мароко, Црна Гора, Романија, Србија, Шпанија, Тунис, Турција и Македонија).

Репрезентациите ќе бидат поделени во две групи по седум репрезентации. Од групите првите четири репрезентации ќе продолжат во четврт-финалето, победниците од четврт-финалните натпревари ќе се пласираат во полу-финале, а поразените репрезентации ќе играат за пласман од 5-то до 8-мо место.

OhridNews