Репрезентацијата на Македонската традиционална таеквондо федерација ќе учествува на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое ќе се одржи во Хераклион на Крит, Грција од 19 до 26 април.

Боите на нашата репрезентација под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски ќе ги бранат Давид Крстески, Теодора Митреска, Климент Богоески, Христијана Парулекса, Миа Танеска,  Божидар Димитриевиќ и Владимир Димитриевиќ, а во склоп на репрезентацијата како судија ќе настапи Давид Велковски, а како официјално лице Зоран Парулески.

Tрадиционално градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков им посака среќа и успех на младите таеквондисти кои ќе ги бранат боите на Охрид и Македонија на претстојното Европско првенство.

Овие млади спортисти се вистински амбасадори на нашиот град. Тие се доказ дека со напорна работа, ниту една цел не е недостижна. ​Општина Охрид како одговорна локална самоуправа стои цврсто зад своите спортисти и дава безрезервна поддршка. ​Ви посакувам борбеност, среќа и со спортски успех да се вратите дома! Покажете на светот што знаат охридските деца!., рече Пецаков.

Од Федерацијата се надеваат на добар пласам и претставување на Македонија во најубаво светло. Воедно изразуваат благодарност до градоначалник Пецаков, општината Охрид и генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”.

OhridNews