Охридскиот ракометен клуб, доби нов, вкупно втор претставник во македонската ракометна репрезентација на Мундијалот во Египет, откако постигна договор со левиот бек Михајло Младеновиќ. 20-годишниот ракометар со „гладијаторите“ потпиша 18-месечна соработка, а во Охрид се преселува од скопски Металург.

Тренерот Раде Стојановиќ и клупската управа ми ги презентираа плановите и целите, кои многу ми се допаднаа и веднаш ја прифатив понудата од Охрид. Ќе дадам се од себе да ги исполнам очекувањата, како и клубот и јас да напредувам во кариерата. – изјави Младеновиќ.

Соиграч на Младеновиќ од Охрид во македонската ракометна репрезентација на Мундијалот ќе му биде голманот Никола Даниловски.

„Гладијаторите“ за неколку дена ќе ги започнат зимските подготовки за плејофот во Супер лигата.

OhridNews
Фото: РК Металург