Репрезентативниот голман Никола Митревски официјално кариерата ќе ја продолжи во португалскиот ракометен клуб, Порто. Чуварот на мрежата со Порто потпиша двегодишен договор и рече дека воопшто не размислувал за друг клуб кога пристигнала одличната понуда од Португалија.

Минатата година имав можност да играм против Порто во ЕХФ Купот и знам како функционира клубот. Среќен сум за овој трансфер и не размислував многу кога ја добив понудата. Порто има добар состав и да не беше пандемијата со коронавирусот, сигурен сум дека имаше шанси да стигне до Ф4. Порто беше на високо ниво и е пример како еден клуб треба да функционира. Верувам дека добро ќе се адаптирам и заедно со Кинтана ќе имаме добра сезона, со многу победи и многу титули. Да продолжиме со освојување на титули во Португалија и да се обидеме да стигнеме до Ф4 Лигата на шампионите. – изјави голманот.

Трансферот во Порто е награда за Митревски, кој одлично бранеше во битолскиот клуб Пелистер но и за македонската ракометна репрезентација на Европското првенство оваа година.

OhridNews