Во пријатна атмосфера и сончево време женската репрезентација се подготвува за пријателскиот натпревар со Албанија. Со новиот селектор Михајлов, репрезентативките ќе атакуваат на победа над западниот сосед.


Ова е прв натпревар со новиот селектор, ќе се пробаат неколку варијанти но добро е да победиме. После овој меч не очекува квалификацискиот дуел со Италија, каде треба да се преставиме во добро светло – истакна Тања Митреска.


За мене ова е деби во репрезентацијата, после толку многу вложен труд заслужив да добијам повик. Албанија е добар противник, има искусни фудбалерки нивната лига е доста квалитетна па не очекува добар натпревар – рече Радмила Солакоска.


Херојот од дуелот со Грција, Роки очекува добра престава на пријателскиот дуел со Албанија.


Во Охрид се спремаме за пријателскиот натпревар со Албанија, не го познаваме многу нивниот квалитетот но ние одиме на победа. Дуелот со Албанија, ние еден вид генералка за мечот кој не очекува со Италија – заклучи Роки.

Мх.П.