Фудбалскиот натпревар помеѓу Аргентина и Бразил во рамките на јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство во 2018 година е одложен поради обилните врнежи од дожд во Буенос Аирес.

Репрезентативното „Ел Класико“, кој требаше да се одигра во четврток е презакажан за петок во 21 час по локално време.

Аргентина лошо стартуваше во јужноамериканските квалификации, на првите две средби избраниците на Тата Мартино освоија само еден бод. На мечот со Бразил ‘гучосите’ ќе играат без најдобрите играчи Лионел Меси, Карлос Тевез и Серхио Агуеро.

Од друга страна Бразил во Буенос Аирес ќе биде посилен за Нејмар кој ја одработи суспензијата, тој не играше на првите две средби поради црвениот картон кој го доби на Копа Америка по завршувањето на мечот со Колумбија.

„Макфакс“

Ohridnews