Репрезентативците во Охрид ја започнаа мисијата Грција и СП во Катар
01.04.14 19:30
Без капитенот, Кирил Лазаров, Борко Ристовски, Стојанче Стоилов и Гоце Георгиевски, но со новопечениот репрезентативец Ренато Вугринец, голема самодоверба и атмосфера како никогаш досега селекција на Македонија во Охрид ја започнаа мисијата за Светското првенство во Катар следната година.
– Не случајно го одбравме Охрид за дестинација за подготовките во рамките од неделата на ЕХФ. Тука ќе одработиме едни мини лесни подготовки, а повеќе акцент ќе ставиме на дружењето и ќе ги регенирараме сите ракометари кои имаат тешки натпревари во Лигата на Шампиони – рече селекторот Ивица Обрван.
Под посебен режим тренираа Вугринец и Ванчо Димовски кои заработија полесни повреди на дуелот со данскиот Колдинг во Лигата на Шампиони.
Репрезентативците ќе имаат по два тренинга дневно, а во Охрид ќе се задржат до в недела кога заминуваат од градот под Самоиловите тврдини.
Бранителот на трофејот ГРК Охрид и актуелниот македонски шампион и освојувач на Купот, Вардар 1961, вечерва ќе се борат за победничкиот пехар на 54 издание на Меѓународниот ракометен турнир во Стру...
Новата натпреварувачка сезона 2026/27 во Втората македонска фудбалска лига започнува денеска, а ГФК Охрид на стартот ќе игра пред својата публика Квалитетот на првенството е исклучителен, а конкуре...
13:00 Ефикасна фудбалска вечер со вкупно 25 погодоци понудија синоќешните натпревари на 28 издание на турнирот во мал фудбал „Богородица куп 2026“ во Волино Најефикасна беше Златара Бени Ерол, која...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.