Завршувањето на Светското првенство во ракомет за Македонија значеше почеток на кризата во македонскиот првак Металург.


Одличните настапи на Мундијалот на некој од македонските репрезентативци кои доаѓаат од Металург не останаа незабелажани.

Пред заминување од Автокоманда се крилата Дејан Манасков и Гоце Георгиевски, Ренато Вугринец и неуморниот Филип Миркуловски.

Најискуниот Вугринец најверојатно ќе се пресели во Обединетите Арапски Емирати, а по неговите стапки ќе продолжи и Миркуловски, па од следната сезона да се врати во Европа.

Следна дестинација на Манасков и Георгиевски има можност да биде Франција, а во игра се големи клубови за нивниот потпис.

На подготовките од Металург се уште се нема појавено Лино Червар, со што се зголемува сомнежот за иднината на Металург.

Мх.П.