Ракометари со лавовска душа предводени од “бомбардерот“ Кирил Лазаров, се само дел од карактеристикиte кои ја опишуваат Македонија во пресрет на Светското првенство во Шпанија. Во видео материјалот објавен по тој повод имаше место и за македонската фаланга која остави силен белег на континенталниот собир во Србија, каде “црвено жолтите“ стигнаа до петтото место.


До почетокот на мундијалот останаа уште само две недели, а подготовките се во полн ек. Избраниците на селекторот Ѕвонко Шундовски од новогодишните празници ќе влезат во финалната фаза на подготовки.


Македонската репрезентација натпреварите од СП во Шпанија ќе ги игра во Севиља, а во групата Б се наоѓаат со Катар, Чиле, Данска, Исланд и Русија.

Мх.П.