Е бре Капоне бре Ал. Ох море Педро Алонзом та Џек Мевосек. Та и Ескобар. Абре ниеден неможам да ве разберам ниеден од вас. Како не ви текна. Тук окапавте по судој по затвори, а не се сетивте. Пак Менгеле…….оф леле тиквар. Абре сите обвинвења експерименти над деца и над трудници ќе паднеа во вода.

А и ти слушај ме ваму. Никако инает. Мирно и само мирно и ич да не дремит и ќе се извајш. Верви ми ќе се извајш. Е де пак и ти….шо ак си ги тепал децата и ја опра жена ти, а бабати ја обеси на ограда. Не бре и за дедо ти немат да те осудат шо ако го транжира со моторна пила. Јака фора. Сега седи мирен нек почнит судењево и негде на сред судење ќе си затрудниш и ќе се фрлиш во молење и колење по НВО-а ова она дека ќе ти се загрозит плодот. Абе затрудни и онакви му матер не само женати и дедо ти туку и на цел НСРМ-овски народ.

Ќе кажвиш дека важно ти е само детето, дека ти монтирет процес ова она. Ех како, од кај знам јас, ама знам дека само то ти е чаре да не скапиш по затвори. Пробај ин витро, ин ова она…абе појма немам. Со бременоста се ќе си станит законски. Тогаш и да немаш за леб ќе имаш за чоколадо.

Абре свиркај си ко ти викам. Еве ко шо свиркат и Мицко. Тргна чоекот на турнеа да се сретвит со незадоволниот македонски народ, да го чует нивниот глас и стас и да заземит став. Ете се сретна со Демир Далип и ти имале конструктивен разговор. По конструктивен амин. Добар ден-добар ден. Како во Воска?-Коска. Сечите дрва со оние болидине?-Сечиме. По колку сечите?-Малку поче. Ќе си со нас?- Со сето срце за вас ако дајш нешто. А ак не дам? – Сето срце ојде кај Зајко. А? По конструктивен мубает амин. Два три збор и ја опрајвме НСР.

Ме бендсивит ваков муабет посебно на двајца луѓе искрени луѓе шо не лажат. Мицко рече дека не бил на протести пред собрание и така е. А она по социјалните мрежи шо излегоа такви слики то зли телефони сликају и монтирају. Јас внимателно ги анализрав и се гледат јака фотомонтажа. Ако подобро се загледаш ќе видиш дека тој шо викет дека е Мицето појќе личит на уплашен, изгубен германец отколку на лидер на најголемата опозициска партија. Бар мене така ми гледат. Додуша мене и на пола членство на ова ДПМНЕ шо немат врска со ВМРО.

А шо му се гледаше на градоначалникот на Радовиш незнам. Шо мислеше чоекот та така да го пуштит муслиманскиот свештеник да држит Алаху Акбар во школото пред почеток за ифтар, а да не му дајт авион…незнам. Како бре да си дозволиш тој да викат Алаху Акбар а да не возит авион. А како да возит авион ако не му дал градоначалникот?

О бре Герасиме, зар толку е тешко да најдиш авионче за пустото свештениче па негојте зборој Алаху Акбар да не одат во ветар. Мада мислам овај пропуст на Герасима ќе се испрајт зш веќе Државниот просвететн инспекторат ја тресит работата. Ќе испитат дали градоначакникот се јавил кај резиденс ДЏ – Тале или пак директно кај мајстор миксете Амети. Овај одма би се јавил кај Зајкота и све ќе си беше по таман. Зш кога шок Амети А, Зајко НА.

Мада искрено можда е дојдено до него то ама чоекот нејзнајт кај му е глата. После толку малага грците му река О Дирлада дирлада ДА на Скопја да се викат Илинденска. Абе се измачи чоекот да најдит географска одредница и овие опнаа ДА на грчки Не. И ете Зајко не ја виде својата Евгенија. Иста судбина ко Ристета Самарџиев.

Молим? Е како Илинденска не била географска одредница. То го бараја од ПТР Грција и….Како? Па вака…Илинденска како географска одредница ти се протегат од….вака сега…почвит од….ар неам време види си сам на атлас.

Шо? А не вервам. Никако не можам да се сложам дека албанското лоби му е јавено на чичо Коѕијас или на Ципрас па да го стопирале ова со Илинденска. Не не е таков нити ДиЏеј нити миксаторот Аљи. А пак ако евентулно се имет налутено дека во ова географска одредница не се опфатени и албанците одма се најџвит решение. Џанк…Република Арачиновска Македонија.

Да бе да, ем Арачиново имат географска положба ем така и албанците ќе се опфатат како основоположници и како државотворни на сегашна и ваква Македонија. Ем така де…со Арачиновска се опфаќет и албанците и македонците како конститувен народ на Македонија (или идна РАМ). Еми првите пукаа против вторите таму де. Се бореа заедно. Не така? А?

ЏИМИ

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите