
За време на посетата високиот гостин ќе го посети и Охрид, каде ќе биде отворен почесен конзулат на Република Турција. За време на посетата на Охрид, турскиот министер ќе оствари средба со градоначалникот Петрески, а ќе посети и неколку културно – историски споменици, како и колеџот “Јахја Кемал“ во Струга.











