Ремито (1-1) помеѓу Челси и Хадерсфилд на Стемфорд Бриџ ги разреши сите дилеми во Премиер лигата. Последното 38.коло кое ќе се одигра в недела ќе нема никакво резултатско значење.
„Сините“ после ремито на домашен терен ги загубија сите шанси за пласман во ТОП 4, додека Хадерсфилд со освоениот бод го осигура опстанокот во елитното друштво.
Во понизок ранг се селат Стоук, ВБА и Саутемптон. Шампионската титула му припадна на Манчестер Сити, а заедно со него во Лигата на Шампини ќе играат Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Ливерпул. Во Лигата на Европа патуваат Челси, Арсенал и Барнли.
OhridNews