Ако сакате да ослабите, но немате многу време за вежбање, губењето на килограмите забрзајте го со јадење бадеми. Имено, според една студија објавена во списанието “Journal of Obesity”, бадемите може да ви помогнат полесно да се решите од несаканите килограми.

Бадемите се здрави и богати со здрави маснотии, па прават подолго време да се чувствувате сити. Освен тоа, богати се со витамини и минерали кои ќе ви помогнат да ја задоволите потребата за јаглени хидрати, па на тој начин полесно ќе ослабите.

Бадемите се богати со минерали како манган, бакар, магнезиум, и витамини од Б комплексот како што се ниацин и биотин, кои помагаат да се активира производството на енергија во телото. Така што, колку е вашето тело поактивно, толку повеќе калории ќе согорите.

Бадемите се добри за целокупното здравје. Благодарение на мононезаситените масни киселини, помагаат во намалување на нивото на лошиот холестерол и го чуваат здравјето на срцето. Освен тоа, содржат витамин Е кој помага во заштита на кардиоваскуларното здравје.

Ако огладнете во вечерните часови, гладдта задоволете ја со грицкање на бадеми. Не само што на овој начин полесно ќе ослабите, туку ќе му направите и голема услуга на целокупното здравје.

извор: lepotaizdravlje.rs