Решкоска : “Ги повикувам охриѓани да ни дадат подршка“
20.06.09 00:38
Охрид од 6 до 15 Јули ќе биде домаќин на ЕП во Б дивизија за девојки до 20 години. Селекторот на репрезентацијата до 20 години жени, Александар Петровиќ, најави дека без оглед што сме убедливо најмлада селекција, одиме на добар резултат. Според Петровиќ, огромните недостатоци на квалитетни тренинзи во сезоната, со напорна работа ќе бидат што е можно повеќе надминати, а иако времето за подготовки е кусо, екипата ќе биде максимално подготвена за предизвиците.
Една од најдобрите во оваа генерација кошаркарки, Ема Решкоска, упати повик до охриѓани и сите што од 06-15 Јули ќе бидат во Охрид:
– Работиме со голем мотив, имаме одлични услови за работа, а воодушевени сме од селекторот и неговиот систем на работа. Имаме генерација која е талентирана, мотивирани сме максимално и ќе дадеме се од себе штто подобро да ја претставиме Македонија на првенството. Ја повикувам публиката да дојде во што поголем број во салата Билјани Извори, да ни даде поддршка и заеднички да оствариме голем резултат – изјави Решкоска на прес конференцијата.
Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хемпден парк“ во Глазгов, во петтото коло од групата Б1 во Лигата на нации „Црвено-жолтите“ го постигнаа првиот гол во ова издание...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...