Деветтото коло од суперлигашкиот плеј-оф го носи Езерското ракометно дерби. Во сабота Струга е домаќин на Охрид.

Без оглед на пласманот на табелата не очекува борбен меч, а „Гладијаторите“ најавуваат дека ќе дадат максимум и со поддршка на верните „Рибари“ ќе атакуваат на трите бода.

Струга е една млада екипа комбинирана со неколку искусни играчи. Мора да влеземе максимално сконцентрирани во мечот од самиот почеток за да извојуваме уште една победа, вели младиот играч на ГРК Охрид Никола Ристески.

Натпреварот Струга Охрид се игра на 13 април во салата „Тими“ во Струга, со почеток во 18 часот.

Г.М.