Навивачите на Динамо Загреб, „Бед блус бојс – БББ“ заслужија голем респект, откако беа помеѓу првите луѓе кои излегоа на загребските улици за помош на ранливите граѓани после земјотресот од 5,3 степени според Рихтер, кој сабајлево ја погоди Хрватска.

„Бед блу бојс“, прво им помогнаа на полицајците и пожарникарите во расчистувањето на центарот во градот. Потоа, навивачите се упатија во загребската болница и им помогнаа на докторите во транспорот на трудниците и родилките да се префрлат во болницата во Дубрава. Голем гест кој заслужува респект.

Vojska i Boysi pred Petrovom

Geplaatst door Index.hr op Zondag 22 maart 2020

Пред неколку денови, „БББ“ разнесуваа лекови и намирници на постарите лица, кои, поради мерките и препораките за коронавирусот седат во своите домови и не излегуваат.

OhridNews