Гурманите во Финска добиле можност да уживаат во врвни специјалитети во многу необично окружување, ресторан отворен во рудник 80 метри под земјата. Така гурманите за време на десет дена ќе имаат можност да уживаат во јадењата на менито на овој подземен експериментален ресторан, кој ќе биде свечено отворен во градот Луј, 60 километри западно од Хелсинки.

Вечера за едно лице, која се состои од лосос, телешко печење, и пита од јаболка, чини, заедно со пијалок и превоз до рудникот, 128 евра. Менаџерите на ресторанот, кој може да прими 64 лица, очекуваат добра заработка, бидејќи ресторанот бил букиран до 29 септември кога експериментот ќе биде завршен.