Поп ѕвездата Ријана неодамна го изненадила персоналот на еден лондонски ресторан со својата голема нарачка, поради која залихите на локалот целосно се испразниле, па преостанатиот дел од денот бил затворен.

Престојувајќи во британската престолнина по повод фестивалот во Хајд Парк, пејачката од Бахамите посакала луѓето кои ја пратат на турнејата да ги почести со една “кралска гозба“.

Повикала еден познат ресторан и нарачала храна и пијалоци во вредност од 8000 евра, па така ресторанот потполно ги испразнил залихите со оваа огромна нарачка. Преостанатиот дел од денот овој ресторан морал да биде затворен.