Поради високите температури и за да се избегнат проблеми при водоснабдувањето во Општина Струга се воведуваат рестрикции во водоснабдувањето.
Рестрикции на вода ќе има на целата територија на Општина Струга од 01:00 до 06:00 часот, велат од JП „Водовод и Kанализација“ – Струга.
Воедно додаваат дека ограничувањето ќе трае до стабилизирање на состојбата.

За корисниците кај кои ќе се констатира злоупотреба на вода за пиење или незаконска употреба на вода, ќе се преземат законски мерки согласно член 44 став I од Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води. Исто така, податоците на овие корисници, без да се прекрши Законот за заштита на личните податоци, ќе бидат објавени на веб-страницата на претпријатието, потенцираа од JП „Водовод и Kанализација“ – Струга.
OhridNews












