Американската атлетичарка Кендра Харисон направи неверојатен подвиг на дијамантската лига во Лондон срушувајќи го светскиот рекорд на 100 метри со пречки поставен пред 28 години.


Харисон која ја минува една од најтурбелтните сезони во својата кариера делницата ја претрча за 12.20 и за една стотинка го подобри рекордот кој беше сопственост на Јорданка Донкова.

Од 1988 година до денеска само шест атлетичарки меѓу кои и Харисон успеале да истрчаат под 12.30 која ја нарекуваат магична граница за дисциплината 100 метри со пречки.


Но, новиот светски рекорд е утеха за 23-годишната атлетичарка која нема да учествува на Олимпијадата во Рио. Харисон на квалификациите во Америка за пласман на Олимпијадата потфрли и заврши на шестата позиција со време 12.57

Правилата на американците за патниците во Рио се јасни и гласат дека најдобрите три пласирани во секоја дисциплина патуваат во Рио без отстапување, што значи дека светскиот рекорд е мала утеха за Харисон.

OhridNews