После комплетирањето на четвртфиналната фаза во Лигата на Шампиони на ред дојдоа возвратните мечеви од 1/4 финалето во Лигата на Европа.
Челси и Валенсија пред своите гледачи ќе имаат задача да ја задржат остварената предност на гостински терен во дуелите со Славија Прага односно Виљареал. „Сините“ славеа со 1-0, додека „лилјаците“ со 3-1.
Екипите на Наполи и Ајнтрахт Франкфурт на домашен терен ќе треба да ја надохнадат негативата од првите мечеви. Арсенал против Наполи славеше 2-0, а Ајнтрахт Франккфурт изгуби 4-2 од Бенфика.
Натпреварите се играат во 21 часот.
Двојки:
Челси – Славија Прага (1-0)
Ајнтрахт Франкфурт – Бенфика (2-4)
Наполи – Арсенал (0-2)
Валенсија – Виљареал (3-1)
Во заградите се резултатите од првите натпревари.
OhridNews