Фудбалските возбудувања на стариот континент продолжуваат со реванш натпреварите од 1/8 финалето во Лигата на Европа.

Во фокусот ќе биде дуелот на Емирати стадионот помеѓу Арсенал и Рен. Французите во првиот меч славеа со 3-1, а на „топчиите“ им е потребна победа со 2-0 или три голови разлика за пласман во најдобрите осум. Арсенал европскиот предизвик го најави со триумф над Манчестер Јунајтед и сигурно атмосферата ќе биде на високо ниво.

Исто така интересна пресметка ќе биде средбата Интер – Ајнтрахт Франкфурт во Милано. Ремито без голови од првиот меч гарантира тактичко надмудрување, но еден погодок може да ги отвори сите карти и екипите да приредат меч за уживање.

Двојки: Динамо Киев – Челси (0-3), Краснодар – Валенсија (1-2), Салзбург – Наполи (0-3), Арсенал – Рен (3-1), Бенфика – Динамо Загреб (0-1), Интер – Ајнтрахт Франкфурт (0-0), Славија Прага – Севиља (2-2), Виљареал – Зенит (3-1).

Во заградите се резултатите од првите натпревари.

OhridNews