Женска плажа Струга

Од 26.06.2022 - 22:00

Рeвија на сите видови расни кучиња ќе се одржи во недела на Женска плажа „Кошаркарско игралиште” со почеток во 10 часот информираат од Кинолошко друштво Црн Дрим Струга.

На ревијата ќе бидат опфатени неколку класи: бејби класа: 3-6 месеци, најмлади: 6-9 месеци, млади: 9-18 месеци, отворена: над 15 месеци и ветерани: постари од 8 години

Предвидени се и награди и признанија и тоа диплома за секое куче, пехари за најубаво бебе, најубаво најмладо куче, за најубав пар, најубава група, најубав ветеран, награда за дете и куче, пехари за 1,2,3 место JBIS и пехари за 1,2,3 место за BIS.

Цената за учество изнесува 800 денари за 3-6 и 6-9 месеци шарпланинец, караман и ветерани, додека  за останатите класи 1000 ден, а пријава на пар и одгледана група – не се наплаќа.

Сите кои се заинтересирани да учествуваат на ревијата можат да добијат информации на електонската адреса [email protected], како и на броевите072 263 310, 075 648 422 и 070 339 880.

OhridNews