Во рамки на тековните програмски активности, НУ Центар за култура „Григор Прличев“, организира Филмска ревија на дел од кинематографскиот опус на режисерот Гоце Димовски.

Охридската промотивна проекција на документарните филмови: „Трендафил и Кунатка“ и „Бисерот од небото“, како и краткиот игран филм „Вишновата градина“, ќе се изврши на 22- ри јуни, во Центарот за култура со почеток во 20 часот.

Покрај режисерот, на проекцијата ќе присуствуваат доајенот на македонското филмско и театарско глумиште Мето Јовановски и актерката  Габриела  Петрушевска, кои се дел од ектерската екипа.

OhridNews