Без победник (3-3) заврши дербито меѓу Фиорентина и Наполи на Артемио Франки во 17-та рунда од италијанската Серија А.
Составот на Наполи два пати водеше (1-0 и 2-1), но на крајот со гол од пенал во третата минута од судиското продолжение се спаси од пораз и ја остави Фиорентина без победа.
Екипата на Рома брзо ги залечи раните од поразот во дербито со Јувентус и со триумф над Киево ги врати работите во нормала.
„Волчицата“, не стигна рутински до победата, бидејќи имаше негатива по половина час игра. Со еден гол во првиот дел најави атак на победа, а во второто полувреме со два голови ја оствари.
Резултати: Каљари – Сасуоло 4-3, Фиорентина – Наполи 3-2, Рома – Киево 3-1, Сампдорија – Удинезе 0-0, Торино – Џенова 1-0, Палермо – Пескара 1-1.