По повод големиот православен празник Св. Климент Охридски, летен, во основното училиште кое го носи името на светителот на 7 и 8 август ќе се одигра ревијален турнир во мал фудбал. Турнирот го организира здружението Стар Град на иницијатива на Митко Димитровски – Митич.
На турнирот ќе учествуваат четири екипи од четири маали од стариот град: Месокастро со Табана, Света Софија и Долна порта, Горна порта и Самоилови и Кошишта.
Организаторот информира дека целта е од наредната година турнирот да стане традиционален со учество на екипи од целата држава.
OhridNews