Мал дел од уништеното Студенчишко блато е ревитализиран и вратен во првобитна состојба, што според експертите е добар знак дека овој природен феномен може да се заштити од целосно уништување. Со проектот што заеднички го реализираа Ohridnews и Македонското лимнолошко друштво, а со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, се уреди простор од околу 1200 метри квадратни. Со расчистување на стотици кубни метри најразличен цврст отпад дел од деградираниот простор е ревитализиран, а таму веќе природно никна трска и други растенија карактеристични за охридското блато.
Во уредениот простор заштитен со дрвена ограда лимнолозите засадија автентични блатни растенија ,со што еден мал дел од блатото врз кој со години се натрупувал смет повторно е во функција на природата.
Со проектот извршени се научни согледувања на сегашната состојба на блатото и живиот свет во него, а сознанијата на експертите се преточени во брошура која благодарение на проектот кој го поттикна Ohridnews, ќе бидат достапни за пошироката јавност и тоа бесплатно. Граѓаните исто така ќе можат да ја посетат и ботаничката градина која се наоѓа во близина на дирекцијата на Комуналец каде можат да ја разгледаат блатната вегетација.
Некогашната депонија денеска е пристојно уреден парк
Овој проект е мал придонес на Ohridnews и Македонското лимнолошко друштво кон зачувување на преостанатото охридско блато, за чија целосна заштита е потребна поголема општествена акција. На прес конференција што ќе се одржи денеска ќе бидат соопштени резултатите од активностите и научни истражувања спроведени во рамки на проектот за заштита на блатото Студенчишта. Проектот кој целосно го финансираше Минисиерството за животна средина и просторно планирање, е поддржан и од локалната самоуправа.
Денес со почеток од 19:00 часот во Охрид Мол, како дел од детската програма на Општина Охрид за најмладите, Културата расте со децата „За сите деца“, драмското студио „ЦВЕТ 75“ ќе одигра две театар...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36-годишно лице од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на нарк...
Во текот на седмата недела од 2026 година (09-15022026), во Македонија се пријавени 1150 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, 11,9% помалку во споредба со претход...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.