Секторот за туризам и локален економски развој изврши промоција на ревизијата на стратегијата за одржлив локален екномски развој на општина Охрид, односно ревизија на акционите планови за 2013/2014 година.

Како што појасна раководителот на ТЛЕР, Ѓоко Апостолов, станува збор за ревидирање на зацртаните планови и програми опфатени со стратегија од 2007 година, кон чија реализација ќе се насочи локалната самоуправа  во наредниот период .

– Тоа значи дека сите активности кои потекнуваат од  локалната самоуправа и активности за реализација на плановите се содржани во овие акциони планови кои ќе се водич за развој на Охрид и ќе претставуваат документ за управување со работењето во секторите при локалната самоуправа. Ќе се потрудиме  поголем дел од зацртаните  планови и активности да ги реализираме, рече Апостолов.

Тој додаде дека со извршената ревизија се создаваат услови за мониторнг на работата на самата локална самоуправа и секторите , се олеснува управување на активностите  и се има увид во сите активности кои бизнис и граѓанскиот сектор ги имплементира во општината ,со  што ќе може потоа да се има увид што е реализирано , а што останало да реализира во наредниот период.

Согласно правилата и критериумите за аплицирање до европските фондови, секој проект мора да биде поврзан со една од стратешките цели или приоритети на оваа стратегија.

– На тој начин самиот проект добива тежина во бодувањето. Така и ние секој проект што го изработуваме во нашиот сектор го врзуваме со еден од приоритетите, рече Апостолов.

Од октомври се најавува развој на стратегија за рурален развој на општина Охрид , документ ко  ќе бид еизготвен за прв пат.

OhridNews