Контроверзниот италијански фудбалер Марио Балотели летово од Ливерпул се пресели во Милан, а сите ја окарактизираа како негова последна шанса за оставање на траен белег во фудбалот.


Балотели мака мачи со темпераментот во и надвор од фудбалот, а новите вести од таборот на „росонерите“ кажуваат дека „супер марио“ сериозно ја сфатил последната шанса.

– Веројатно сам сфати и прифати дека ова е негова последна шанса во фудбалот и верувам оти нема да ја упропасти. Неговото фудбалско знаење е несомнено, а ако продолжи со ваков пристап тој со Милан може да стигне до многу поголеми работи. – рече Адријано Галијана директорот на клубот.

Репрезентативецот на „азурите“ во базата на Милан стигнувал половина час пред другите и заминувал последен по комплетирањето на сите вежби на тренингот.

Ohridnews