Зградата во која е предвидено да биде сместена Резиденцијата на МПЦ на „Плаошник“ неодамна ја доби својата предвидена форма. Градежните активности за изградбата на овој објект, кој е дел од проектот за возобновување на „Светиклиментовиот универзитет“ тече по предвиденото темпо.
Според она што може да се види, објектот кој е во фаза на карабина има приземје и два ката, а целосно е поставена и неговата покривна конструкција. Во наредните фази ќе се работи на надворешната фасада, ќе се поставуваат прозорците и ќе се уредува внатрешноста на објектот.
Веднаш до резиденцијалниот објект, на источната страна од црквата на „Плаошник“ се гради и „Манастирскиот конак“.
На западната страна од црквата се градат објектите за „Музејот на Плаошник“, „Светиклиментовата библиотека“ и „Центарот за хуманистички науки“.
Според скицата на проектот, од северозападната страна на археолошкиот комплекс планирано е да биде изграден објект во кој ќе биде сместен „Богословскиот факултет“.
Е.М