Вкупно 27 погодоци постигнаа стрелците на четирите мечеви кои синоќа се одиграа во рамките од четвртиот меморијален турнир во мал фудбал „Климент Колески 2018“. Најефикасен меч со 11 голови беше дуелот помеѓу ФК Љуботен и Арсенал Охрид кој заврши со 9-2. Шила и Викса Пром ремизираа во натпревар со осум голови, а Жито Леб славеше над ФК Љуботен (4-1). Тесна победа извојува тимот на Црногорци (2-1) над екипата Адвокатска канцеларија Ѓоршески.

Резултати:

Шила – Викса Пром 4-4

ФК Љуботен – Жито Леб 1-4

Арсенал Охрид – ФК Љуботен 2-9

Црногорци – Адвокатска канцеларија Ѓоршески 2-1

Двојки: 

20ч:Клизор – Бизон и Зоби

21ч:Александар Лачоски Фудбал – Златни Зраци

22ч:Пекара Балкан – Скопско

23ч:Свислион Агроплод Ресен – Интермецо

OhridNews