Тврди и неизвесни до самиот крај беа синоќешните четири натпревари на меморијалниот турнир во мал фудбал на вештачка трева „Климент Колески 2018“.  Клизор со пресврт го совлада составот на Бизон и Зоби (2-1), а со пресврт победа славеше и тимот на Александар Лачоски Фудбал над Златни Зраци (4-1).  Интермецо со минимални 3-2 беше подобар од Свислион Агроплод Ресен, а Скопско и Пекара Балкан ги поделија бодовите ремизирајќи 2-2.

Резултати:

Клизор – Бизон и Зоби 2-1

Александар Лачоски Фудбал – Златни Зраци 4-1

Пекара Балкан – Скопско 2-2

Свислион Агроплод Ресен – Интермецо 2-3

Двојки:

20ч: Фаланга Волино – Моби Петрол

21ч: Арсенал Охрид – Жито Леб

22ч: Хотел Мираж – Мебо 2012

OhridNews