Викендов, во СРЦ „Билјанини Извори“ стартуваше второто издание на Баскет турнирот баскет 3х3 во Охрид кој се организира по повод претстојниот празник 7 – ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид.

На програмата беа натпреварите од првата и втората рунда во фазата по групи. Се игра систем секој со секого во групата. Првите четири на табелата обезбедуваат пласман во четвртфиналето.

Резултати:

1.рунда

Група А: МТ Интернационал – Кентерс 9-16, Ликвид – Органска Буковка 15-9, Дентo Медика – Костал 2 15-5, Х. Нова Ривиера слободна

Група Б: Алпојо – Попаџонс Лихнида 15-11, Аквариус – ЛТХ Леарница 15-6, Костал 1 – Санитарија Грини 10-15, Лаунџ бар Ноа слободна

2.рунда: 

Група А: МТ Интернационал – Ликвид 8-15, Кентерс – Органска Буковка 3-15, Дентo Медика – Х. Нова Ривиера 15-12, Костал 2 слободна

Група Б: Алпојо – Аквариус 15-9, Попаџонс Лихнида – ЛТХ Леарница 15-5, Костал 1 – Лаунџ бар Ноа 10-15, Санитарија Грини слободна.

OhridNews