Екипите на Мистер И, Еуро Стил и Санитарија Грини им се придружија на Сатеска, Мешеишта и Еко Шпар во 1/4 финалето на турнирот во мал фудбал „Петровден 2018“. Трите екипи билетот за пласман во најдобрите осум екипи го чекираа преку изведување на пеналите. Вечерва ќе се комплетираат осминафиналните натпревари и ќе започна четвртфиналните мечеви.

Резултати:

Мистер И – Искра Мороишта 1-1 (5-4 пенали)
Тамаро – Еуро Стил 1-1 (5-6)
Пупе Компани – Санитарија Грини 1-1 (1-3)

Двојки:

20:30ч Моби Петрол – Др Баткоски

21:30ч Ресторан Драган и Јовче – ГП Тане

1/4 финале:

22:30ч Мешеишта – Сатеска

OhridNews