Во полн интензитет се играат натпреварите на јубилејниот 15-ти турнир во мал фудбал „Велгошти 2018“. Синоќа, на програмата имаше три мечеви, а стрелците постигнаа вкупно 17 погодоци. Најефикасен натпревар беше Сатеска Волино – Мебо 2012 кој заврши во корист на „домаќинтие“ 8-2. На победа се израдува и Жито Леб победувајќи го тимот на Диба Трејд 1-0, а Александар Замок и Александар Лачоски Фудбал ги поделијата бодови ремизирајќи 2-2.

Резултати:

Жито Леб – Диба Трејд 3:0
Александар Замок – Александар Лачоски Фудбал 2:2
Сатеска Волино – Мебо 2012 8:2
Двојки:
20:30ч Клизор – Хидро Рини Велгошти
21:30ч Шила – Еуростил
22:30ч Златни Зраци – Јуниор
OhridNews