Македонските параглајдеристи во првата рунда од Европското првенство летаа далеку под очекувањата. Селекторот на репрезентацијата Спироски, не е задоволен од постигнатите резултати но гледа сила за напредок до крајот на континенталниот собир.


– Во првата рунда македонската репрезентација потфрли, не ги остварија очекуваните резултати. Нашиот најдобар натпреварувач направи серија грешки и оствари резултат далеку под очекувањата. Неможам да бидам задоволен од резултатите, можат и подобро момците. Тоа се должи на слабите тренинзи на репрезентацијата поради слабата финансиска состојба, а благодарение на Битолската пивара македонската експедиција во последен момент ја плати котизацијата и обезбеди учествот на ЕП – потенцираше Спироски.


Параглајдерската селекција на Македонија ја сочинуваат пет натпреварувачи, Миле Јованоски, Бојран Јованоски, Мартин Јованоски, Александар Ризоски и Христијан Темелкоски. Хендикеп за “црвено жолтите“ е немањето на женски преставници на ЕП, со што би се збогатиле резултати во екипното рангирање.

Мх.П.