Ракометна федерација на Македонија им ја исплати ветена премија од 40 000 евра на македонските репрезентавци за пласманот на Светското првенство 2019 година во Данска и Германија.

„Црвено жолтите“ во бараж двомечот подобри беа од Романија. Во првиот меч во Скопје нашите ракометари славеа со 32-24, а во Клуж претрпеа минимален пораз 26-25 и го чекираа билетот за шестото учество на светските собири.

Македонија претходно дел од ракометниот Мундијал беше во Египет (1999), Хрватска (2009), Шпанија (2013), Катар (2015) и Франција (2017). Најдобриот успех македонските ракометари го направија во Катар завршувајќи на деветтата позиција.

СП во Данска и Германија ќе се игра во првиот месец од следната година. Избраниците на Раул Гонзалес добија атрактивни и тешки противници во селекциите на Шпанија, Хрватска, Исланд, Бахреин и Јапонија.

OhridNews