Ракометниот клуб Охрид и тренерот Раде Стојановиќ можат да почнат со кроење на планот и програмата за подготовките во пресрет на новата сезона во Супер лигата, откако Ракометната федерација на Македонија (РФМ) и Комисијата за заразни болести го соопштија протоколот за тренинзи и натпревари.

Од протоколот за издвојување се мерките да нема публика на тренинзите и натпреварите. Сите играчи и членови во клубот да извршат тестови на ковид -19 72 часа пред официјалниот почеток на сезоната. А, ако е потребно и дополнително ќе направат тестови.

Тренинзите на стартот од подготовките да се одвиваат на отворен простор, без физички контакт и со дистанца. Потоа тренинзите да се одвиваат во помали групи, а во третата фаза екипата може да влезе во сала и да тренира според проценката на стручниот штаб. Целиот протокол од РФМ можете да го погледнете на следниов линк, тука.

„Гладијаторите“ го означија 27 јули како датум за почетокот на подготовките за новата сезона.

OhridNews