Назначување на селектор на машката сениорска репрезентација е главната работна задача во следниот период на Ракометната федерација на Македонија (РФМ). Првиот човек во ракометот во нашата земја Живко Мукаетов најави дека новиот предводник мора да професионалец и посветен само на селекцијата, што значи да биде слободен агент односно без клупски ангажман.

  • Моја желба како водечки човек во ракометот е селекторот да биде професионалец и посветен само на селекцијата. Со работењето во репрезентацијата тој ќе има поголем фокус и ќе има подобра евиденција за случувањата во мак-ракометот. – изјави Мукаетов.

Ваквите најави од претседателот значат заострување на критериумот и отпаѓање на голем број кандидати кои беа потенцијални наследници на Раул Гонзалес. Помеѓу кандидатите се споменуваа тренерите на Вардар и Металург, Гарсија Парондо односно Данило Брестовац, но ќе испаднат поради клупските обврски.

Македонија во април месец ќе ги продолжи квалфикациите за Европското првенство, а силите ќе ги одмери со селекцијата на Исланд.

OhridNews