Македонската ракометна репрезентација е во долгови во гуша и покрај желбата нема да може парично да ги награди ракометарите за постигнатиот успех на Европското првенство во Србија.

– Долговите на РФМ се околу 170-180 илјади евра. Ракометарите досега добија вкупна награда од 300.000 евра – награди од Владата и од Агенцијата за млади и спорт. Би предложил да дадеме стимулација за пласман на ЛОИ и тоа во висина од 50.000 евра. А, да наградиме пласман на петто место е нонсенс. Немаме пари за тоа, сметката ни е блокирана, пет месеци немаме кирија платено, 4-5 месеци селекторите немаат земено плата – ја пренесе изјавата на  генералниот секретар Марјан Начевски, веб порталот www.mkd.mk
Од РФМ велат дека касата е испразенета поради подигнатите кредити за наградите за СП во Хрватска кога го освоивме 11. место. Пред месец дена ракометарите добиле по 30.000 евра за пласманот на ЕП во Србија

– Имаме долгови од 170 илјади евра, а буџетот за 2012 година е поголем од еден милион евра. А пари нема, и затоа апелирам разумот да преовладее. Ние имаме желба да дадеме, ама пари немаме“, рече Марјан Начевски, генералниот секретар на РФМ.
Одлуката за наградата на ракометарите е одложена за наредната средба на Управниот Одбор на федерацијата.
Ohridnews