Четири домашни и еден украински тим се противниците на Охрид, на Јонатан купот кој од денес со 26 се игра во Ниергиза, Унгарија. Првиот натпревар “рибарчињата“ ќе го играат попладнево против Нирсули, додека в петок има двојна програма, мечеви против украинската Буковина и унгарскиот Демешер.


В сабота се игра против Маџар Ц Валогатот, додеке последниот меч е во недела против Шепел.

Фудбалерите генерација 1999 се наоѓаат во „А„групата, каде покрај македонскиот тим се уште унгарскиот Нирсули, како и украинските Бориспол Киев, Локомотив Киев, и Севастопол.


Првиот меч попладнево ќе му се спротистават на Нирсули, потоа в пеотк претпладне играат против Бориспол Киев, додека двојна прогама ги очекува попладнето и тоа мечеви со Локомотив Киев, и Севастопол.

Ohridnews