Срцето и душата на охридските екипи, навивачка група „Рибари“-Охрид, се закити со големо признание, откако се најде рамо до рамо со најпознатите навивачки групи од Балканот во престижниот полски магазин „To my Kibice“.

Насловната страна од навивачкиот магазин

„Рибари“, повеќе од три децении се неизбежен декор на мечевите од охридските екипи во било кој спорт и двигател и поддршка во добро и во лошо. Навивачката група од Охрид, минатата година со спектакуларната прослава по повод 30 години го импресионираше Балканот и заслужено си обезбеди место помеѓу најдобрите на тифо сцената.

Пандемија?! Ние не спиеме, работиме! Се подготвува нешто големо. Магазин со најдобрите навивачки групи. Работата на ова издание е во тек, скоро половина година собиравме материјали. Со зголемен интензитет ќе работиме да го финишираме магазинот. Што може да очекувате? Солиден магазин, со објаснување за сите навивачки групи од поранешна Југославија од големите клубови, малите па дури и од најмалите. Стотици страници со многу слики, информации за почетоците и развивањето на навивачките групи. – стои како најава за магазинот.

Магазинот треба да излезе на есен оваа година.

Македонски претставници во магазинот покрај „Рибари“ се „Чкембари“-Битола, „Војводи“-Тетово, „Комити“-Скопје, „Шверцери“-Чаир, „Сити Парк Бојс“-Скопје, „Лозари“-Кавадарци, „Фемили“-Аеродром и „Мајмуни“-Прилеп.

Во магазинот има место и за Навивачката група Рибари од словенскиот град Изола која е збратимена со охридската навивачка група.

Мх.П.