Навивачката група „Рибари“ вечерва го посети тренингот на ГРК Охрид во СРЦ „Билјанини извори“, испраќајќи силна поддршка до ракометарите пред утрешното дерби со Алкалоид.

Охрид и Алкалоид ќе се сретнат во рамки на 6. коло од Супер лигата, а дуелот се игра утре, сабота, со почеток во 18:30 часот во „Билјанини извори“.

Со доаѓањето на последниот тренинг пред натпреварот, „Рибари“ им дадоа дополнителен мотив на ракометарите и најавија поддршка од трибините на важниот првенствен натпревар.

ГРК Охрид сезонава има високи амбиции, а пресметката со Алкалоид е еден од дерби натпреварите во првиот дел од шампионатот.

Г.М.