Со денешниот собир новиот прволигаш ФК Охрид ќе го означи стартот на новата сезона во која охриѓани по 15 години повторно ќе бидат дел од елитата.


За охриѓани ова ќе биде трета година во Првата лига, откако во сезоната 1994/95 завршија на осмото место, додека наредната сезона 1995/96 го загубија прволигашкиот статус.

Допрва треба да биде остварена средба со охридскиот градоначалник Александар Петрески и претседателот на клубот Гоце Малезанов на која треба да биде продолжена соработката на релација локална самоуправа – ФК Охрид.

Пред охриѓани е сериозен предизвик, екипата по влезот во Првата лига, остана без стратегот Зоран Ѓорески – Џајо, а клубот го напуштил и првиот тренер Валентин Целески.

Покрај испразнетото тренерско место, треба да се прецизираат деталите кој од фудбалерите кои го носеа “белиот“ дрес ќе останат во клубот.

М.П.