Есеснскиот првак во второлигашката конкуренција Охрид 2004 ги започна подготовките за вториот дел од шампионатот. Составот на “рибарите“ во наредните 49 дена ќе се подготвуваaт за продолжување на битката за влез во елитното друштво.


На првиот тренинг отстуни беа новото засилување Игор Бочески, потоа столбот на одбраната Илче Перески, а покрај однапред договорените засилувања со екипата тренираше и повремениот македонски репрезентативец Гоце Толески.


Напаѓачот најави дека доколку не најде ангажман во странство, ќе се стави на располагање на Ѓорески за вториот дел од шампионатот.

М.П.