Охридскиот фудбалски клуб натпреварите од новата сезона во Втората македонска фудбалска лига ќе ги започне на 22 август.

За охриѓани ова ќе биде втора сезона во второлигашката конкуренција. Во дебитанското учество опстанаа благодарание на одлуките од УО на ФФМ да се прекине првенството поради ширењето на вирусот Ковид -19 и да нема испаѓање.

Прволигашите ќе стартуваат на 9 август додека мечевите од првата рунда во Купот на Македонија ќе се одиграат на 23 септември.

OhridNews