Фудбалерите на Охрид низ пет контролни натпревари ќе ја брусат формата за почетокот на сезоната во Втората македонска фудбалска лига-запад.

„Рибарите“ кои подготовките ги започнаа минатата среда тест средбите ќе ги започнат в сабота против тимот на Велешта на домашен терен. Три дена подоцна, охридските фудбалери ќе ги одмерат силите со екипата на Трајал од Крушевац.

На 27 јули Охрид на домашен терен ќе се судри со составот на Дукаѓини од Косово, а на 3 август ќе гостува кај Дрита. Последен тест дуел ќе биде дуелот со Пелистер на 17 август, а не се исклучува можноста да се одигра меч и на 10 август.

Втората лига започнува на 24 август. Ждрепката за двојките во првата рунда и понатамошниот шампион ќе се изврши наскоро во просториите на ФФМ.

Распоред:

(20 јули): Охрид – Велешта

(24 јули): Охрид – Трајал Крушевац

(27 јули): Охрид – Дукаѓини

(3 август): Дрита – Охрид

(17 август): Пелистер – Охрид

OhridNews